За време на првиот час на 3 мај, 13-годишниот ученик пукал во училишното обезбедување и осум ученици и со истрели од пиштолот на неговиот татко ранил наставник и уште шестмина. Подоцна почина уште едно девојче, десеттата жртва. Вишиот суд го потврди обвинението против таткото и мајката на момчето и уште две лица од стрелиштето каде таткото го носел својот малолетен син.

Во обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград е предложено судот да го осуди таткото Владимир К. на 12 години затвор, а мајката Миљана К. на две и пол години. За сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб се предложени три години затвор. Следно е закажувањето на рочиштето.

Трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“, без преседан во поновата историја на Србија, предизвика бран граѓански протести, а десетици илјади луѓе во наредните месеци на улиците на Белград и градовите низ Србија побараа стоп за насилството, а политиката и медиумите да се зауздаат.

Се бараше и оставки од шефот на полицијата, Службата за државна безбедност (БИА) и укинување на реалити шоу програми во електронските медиуми блиски до власта, но овие барања не беа исполнети. Во исто време, владата ја обвини проевропската опозиција која повика на протести.

Родителите на децата од „Рибникар“ денеска повторно ја обоија таблата „училиште“ на улицата пред зградата во сива и симболично црвена боја, по неколкуте јалови барања до државните институции училиштето да стане меморијален центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.