Во Дарувар, хрватски воен ветерен убил пет луѓе во старечки дом, вклучувајќи ја и својата мајка.
Пукано е во вкупно осум луѓе.
Вработен во локална продавница во Дарувар раскажал за Дневник.хр дека му втрчале двајца работници од старечкиот дом, еден со повредено око, друг со куршум во градниот кош.
Му рекле дека во домот дошол човек кој почнак да пука од пиштол по штитениците и работниците.
Вработениот во продавницата веднаш повикал Брза помош и полиција, бидејќи повредените го препознале убиецот и виделе дека влегол во оближното кафуле.
Ја повикав полицијата и им кажав каде е убиецот. Наводно седнал и нарачал пијачка, а пиштолот го ставил на маса -рекол тој.
За убиецот вели дека има педесетина години, дека го познавале во околината, ама дека не знае зошто го направил злосторството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.