Поранешниот специјален претставник на САД за преговорите меѓу Косово и Србија, Френк. Виснер, во интервју за „Еуроињуз“ на албански јазик изјави дека Косово се уште нема постигнато целосно признавање на својот статус и дека тоа ќе биде можно само доколку САД и нивните сојузници извршат притисок врз Србија преку преговарачкиот процес.
За овие 16 години не можеше да се постигне целосно признавање на статутот и да се живее во мир и хармонија со Србите. Тоа е процес кој може да се постигне само со преговарање. Ова може да се постигне само во комбинација меѓу Косово, САД и ЕУ. Србија до сега даваше отпор на преговорите и не ги почитуваше ветувањата од Охридскиот договор. Има само еден начин да се оди на преговарачка маса. Мораме да ги здружиме силите со сојузниците, со ЕУ и САД, за да продолжиме да ја притискаме Србија да дејствува одговорно во нејзиниот национален интерес“, изјави Визнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.