Skip to main content

Земјотрес во Сараево

Земјотрес со интензитет од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утрово источно од Сараево, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил во 4:21 часот наутро по локално време, а епицентарот бил 12 километри источно од Сараево, на длабочина од шест километри.

Потресите ги почувствувале бројни жители на Сараево и околните населби. Повеќе од 490 корисници на EMSC пријавиле дека го почувствувале земјотресот, а на нивната веб-страница биле објавени речиси 200 коментари од граѓани.

Засега нема информации за материјални штети.

Поврзани вести