Skip to main content

Вкусна кремаста чорба со пилешко

Magnific

Подгответе пилешко филе во кремаста чорба, полна со вкусен зеленчук. Послужете со потпечен леб и уживајте во лесните залчиња.

 Состојки:

  • 400 грама пилешко филе
  • 2 лажици маслиново масло
  •  800 мл пилешки бујон
  • 100 грама морков
  • 150 грама брокула
  • 100 мл пасирани домати
  • ½ лажичка  босилек

Подготовка:

Пилешкото исецкајте го на коцки и пропржете го на загреано масло. Сипете 800 мл пилешки бујон. Кога ќе зоврие, додадете морков исечен на кружни парчиња, и варете пет минути. Потоа додадете пире од домати, босилек и брокула и кратко варете. Внимавајте зеленчукот да не се превари.

Сервирање:

Сервирајте топло со пропечени парчиња леб.

Поврзани вести