Skip to main content

Целосно затворена скопската обиколница во правец кон Тетово поради сообраќајна несреќа

МВР

Сообраќајна несреќа се случила вечерва на скопската обиколница, поради што сообраќајот е целосно во прекин на потегот од клучката Бутел во правец кон клучката Мирковци.

Според првичните информации од возачи кои се затекнале на обиколницата, поради несреќата е создаден застој, а движењето на возилата во правец кон Ѓорче Петров, Волково и Тетово е оневозможено.

На социјалните мрежи се споделуваат предупредувања да ја избегнуваат обиколницата и да не се вклучуваат на клучката Бутел доколку патуваат во правец кон Тетово.

Засега нема информации за околностите под кои се случила несреќата, ниту за евентуално повредени лица.

Поврзани вести