
Декември 2026 година носи можности за пресврт, напредок и разврска по година исполнета со промени и неизвесност, а секој хороскопски знак има издвоен датум кој астролошките прогнози го посочуваат како најповолен за носење одлуки и прифаќање нови шанси.
Според астролошките толкувања, на почетокот на декември најуспешни денови ги очекуваат Јарецот (1 декември), како и Водолијата и Рибите (4 декември), додека во средината на месецот акцентот е ставен на Овенот (8 декември), Ракот (10 декември), Лавот, Скорпијата и Стрелецот (12 декември), како и Близнаците (17 декември).
Кон крајот на годината, најсреќни датуми се издвоени за Девицата (21 декември), Вагата (23 декември) и Бикот (25 декември), при што кај дел од знаците можностите се поврзани со кариерата, финансиите и новите соработки, а кај други со личните односи, емоциите и поставувањето темели за 2027 година.

Македонски



