Skip to main content

Кремаста, ароматична и полна со вкус: Посна крем чорба

Magnific

Кремаста, ароматична и полна со вкус на зеленчук, оваа посна чорба е вистински избор за топол и вкусен оброк. Маринираните шампињони ѝ даваат посебна нота и одлично се вклопуваат со нежната текстура на зеленчукот.

Потребни состојки:

  • 1 кг компири
  • 4 моркови
  • 1 поголем праз
  • 1 помало парче целер
  • 1 парче пашканат
  • 2 супени лажици вегета
  • 2 супени лажици сол
  • Црн бибер по вкус
  • 300 г маринирани шампињони


Подготовка:

Празот исечкајте го на ситни парчиња, а компирите, морковите, целерот и пашканатот излупете ги и исечкајте ги на покрупни парчиња. Ставете го зеленчукот во тенџере, додајте вода колку да го покрие, посолете, додајте ја вегетата и црниот бибер.

Варете додека зеленчукот целосно омекне. Сварениот зеленчук изблендирајте го додека добиете мазна кремаста смеса. По желба, одвојте малку компир и морков, исечкајте ги на ситни коцки и оставете ги за подоцна.

Вратете ја крем-чорбата во тенџерето, додајте вода до посакуваната густина и оставете повторно да зоврие. Додајте ги ситно исечканите маринирани шампињони и оставете уште неколку минути да се соединат вкусовите. На крај, додајте ги оставените коцки зеленчук, доколку користите, и зачинете по вкус.

Послужете ja топла.

Поврзани вести