Skip to main content

ФФМ: Сараево, ви благодариме, ќе навиваме за вас!

Фудбалска федерација на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ преку социјалните мрежи упатија благодарност до Босанците за топлиот прием во Сараево, за чувството како да се дома, и им порачаа дека ќе навиваат за БиХ на претстојното Светско првенство.

фото: Фудбалска федерација на Македонија

Сараево, ви благодариме!
Не беше само гостопримство, беше чувство како да сме дома.
Голема благодарност до претседателот Вицо Зељковиќ, спортскиот директор Емир Спахиќ и целата Фудбалска федерација на БиХ.
Во овие два дена направивте сѐ за да се чувствуваме како свои, а тоа не се заборава.
Пријателски народ, искрени луѓе и град кој секогаш има посебна енергија.
Првата прилика ќе се потрудиме да ви возвратиме во Македонија на ист начин.
До тогаш, ви посакуваме многу среќа и успех на Светското првенство. Ќе навиваме за вас, објави ФФМ.

Поврзани вести