Skip to main content

Една од иконите на мото спортот ја завршува кариерата

Шампионатот во Мото ГП останува без еден од своите најдобри и најуспешни мотоциклисти. Шпанецот Марк Маркез донесе одлука за крај на професионалната кариера, а последната трка ќе ја има за време на трката за Големата награда на

Во својата кариера постави многу рекорди, освои титули, а имаше и неколку тешки повреди. Во десет наврати беше светски првак. Од неговиот тим Дукати нема уште објаснување за повлекувањето.

Неговиот пат до светските титули беше од најниската класа, а првата светска титула ја освои во 2010 година во класата 125 кубни/сантиметри. Потоа следуваше премин во Мото 2 класата и во втората сезона стана светски првак.

Во 2013 година стана првиот дебитант во „кралската класа“ кој ја освоил титулата по Кени Робертс во 1978 година и со 20 години стана најмладиот шампион во сите натпреварувања. Титули освојуваше и во 2014, 2016, 2017, 2018, 2019, 2025 и 2026 година. 

Во кариерата досега има 106 победи, 173 подиуми, 106 пол позиции и 92 најбрзи крига.

Последната трка сезонава се вози во Валенсија во недела на 29.ноември.

Поврзани вести