
Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусиjала се здоби со нова повреда која повторно на подолг рок ќе го оддалечи од теренот.
Дваесет и тригодишниот Мусијала повторно го повреди мускулот на десниот бут и според германските медиуми ќе биде надвор од теренот најмалку шест недели.
Мусијала минатата недела се врати во тимот на Баерн откако отсуствуваше шест недели поради истата повреда.
Проблемите со честите повреди на Мусијала почнаа во летото лани на Светското клупско првенство кога ја скрши фибулата.
Ова е продолжение на проблемите со повредите во соблекувалната на Баерн, а најголема загриженост е отсуството на најдобриот стрелец Хари Кејн, кој ќе биде надвор од терените најмалку три месеци откако минатата недела му беше опериран на левиот глужд.

Македонски



