Поранешниот американски офицер на КФОР Стив Расел сведочеше на судењето на водачите на поранешната ОВК и во таа прилика ги потврди своите изјави дека, според него, мисијата на НАТО на Косово е мешање во суверенитетот на Србија, како и дека кампањата што НАТО ја водeше во врска со бомбардирањето на СР Југославија не била мирна, пренесува Репортерс.

Расел најчесто служел во областа Гњилане и зборуваше  за тамошните притворни центри во 1999 година.

Отидовме таму да ја имплементираме резолуцијата 1244, која е резултат на интервенција во суверенитетот на Србија во име на насилството предизвикано во покраината Косово и мислев дека во тој контекст се мешаме во суверенитетот на Србија со цел да ги ублажиме страдањата на луѓето во покраината Косово, вака би го објаснил“, рече тој.Расел.

Тој беше прашан и за изјавата дадена во Обвинителството во која рече дека воздушната кампања на НАТО нема мирна цел, туку да наметне резултат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.