Српската православна црква (СПЦ) донира 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина.
Српскиот патријарх Порфирије дал наредба на Религиозното добротворно старателство во Белград, добротворна организација која работи во рамките на СПЦ, да испрати еднократна финансиска помош во износ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во БиХ преку Епархијата Захум и Херцеговина.
Од Српската православна црква соопштија дека помошта ќе се дели без разлика на верската и националната припадност на настраданите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.