Децата кои го посетуваат основното училиште „Владислав Рибникар“ денеска се пратени дома, бидејќи во ранецот на едно од децата најверојатно бил пронајден нож, јави Н1.
Во пораката на Вибер, испратена до родителите, било наведено дека подоцна ќе добијат детални информации за се, а родителите добиле порака дека нема да продолжи наставата до крајот на денот.
Во исто време, на социјалните мрежи се појави информација дека кај ученик, наводно, од 8-мо одделение бил пронајден нож. Како што потврди еден од родителите на Н1, тие информации се вистинити. Според извештаите, ножот бил пронајден во ранецот.
На прашањето на Н1 како ножот влегол во училницата, покрај обезбедувањето, родителот рекол дека „обезбедувањето е никакво“.
Пред училиштето во моментов се распоредени полициски сили поради дојава дека ученик донел нож во училиштето.
Лани, на 3 мај во тоа училиште беше извршено масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет ученици и чувар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.