Политичката криза во Бугарија се продлабочува откако и по седмиот циклус сизбори за три години земјата не може да обезбеди стабилно владино мнозинство.
И Слави Трифонов не успеа да формира влада, а пред него мандатот за формирање владино мнозинство им беше доделен на партиите „ГЕРБ“ и „ПП-ДБ“ но и тие не успеаја да формираат влада.
По ваквиот епилог, државата повторно ќе оди на изборите кои ќе бидат седми за три години.
„Има таков народ“ денеска ќе го врати третиот мандат за формирање редовна влада, што му го врачи претседателот Румен Радев. Лидерот на партијатаСлави Трифонов преку објава на Фејсбук најави дека нема да понудат кабинет.
Мандат прво беше предаден на ГЕРБ-СДС. Партијата на Борисов предложи состав на кабинет и кандидат за премиер, но при гласањето во салата, номинираниот Росен Желјазков не ги доби потребните гласови.
При гласањето на предлогот, пратеничката група на ДПС се подели и тоа ги преуреди политичките сили во парламентот.
Така, наместо ДПС, вториот мандат и припадна на „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“.
На Бугарија ѝ треба стабилна и функционална влада за да може го забрза финансирањето од ЕУ, да ја внесе земјата во еврозоната и целосно да се приклучи во Шенген-зоната.
Плановите за приклучување кон еврозоната досега веќе двапати беа одложени поради инфлацијата, а новиот датум за пристапување е 25 јануари 2025 година. Неуспехот да се формира влада и новите избори ќе го зголемат ризикот од дополнителни одложувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.