Претседателот на Бугарија, Румен Радев, најави дека датумот на предвремените парламентарни избори ќе биде 2 април.
Шефот на бугарската држава претходно го прифати вратениот неисполнет трет мандат од претставниците на „БСП за Бугарија“, по што тој експресно одржа средба со раководството на Централната изборна комисија (ЦИК).
Организирањето на претстојните парламентарни избори мора да гарантира правичност и транспарентност на гласот и правата на граѓаните, истакна претседателот Радев на средбата во ЦИК.
Претседателката на ЦИК, Камелија Нејкова, пред пратениците во Народното собрание кажа дека ЦИК е подготвена да ги организира изборите на 2 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.