Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на  Партијата на слободата, Илир Мета предупреди дека во септември се ближи политичката пролет.

Тој во својот поздравен говор во партискиот младински камп во Јале рече дека Албанија има „сонце за сите и оти се ближи триумфот над тиранијата”.

Како што јави дописничката на МИА од Тирана, Мета додаде дека е голем оптимист дека првите недели од септември ќе бидат несекојдневна пролет иако многу доцни.

Пролетта доаѓа секој ден, но младоста само еднаш. Да не ја даваме оваа наша младост на светот туку на нашата земја и да ја направиме Албанија дама, горда земја, да ја направиме земја на среќни Албанци. Албанија има сонце за сите, затоа е потребна сеопфатна алтернатива и триумф на слободата над тиранијата многу брзо, рече Мета.

Тој и со порака до премиерот Еди Рама дека деновите му се избројани.

Помина времето на наместени натпревари, помина времето на опозицијата во џебот на Еди Рама и олигарсите. Од Албанците 99 отсто очекуваат промени и тоа сега. Деновите на Рама се изброени. Немаме татковина за губење, порача Мета.

Масовни протести и граѓанска непослушност најави и демократскиот лидер Сали Бериша, во што, како што рече, согласност има со Мета, со останатите опозициски партии и со граѓанскиот сектор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.