Во Вишиот суд во Белград денеска треба да почне граѓанската постапка по втората тужба против семејството Кецмановиќ, чиј син на 3 мај уби девет врсници и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“. Оваа тужба е поднесена од членовите на семејството на едно од убиените девојчиња, во која покрај семејството Кечмановиќ се тужи и училиштето во кое е извршен масакрот.

Неодамна почна граѓанската постапка за тужбата во која учествуваат 27 семејства. Во таа парница прелиминарното рочиште е завршено и главната расправа е закажана за крајот на декември.

Судот ќе одлучи по тужбеното барање и дури по завршувањето на граѓанската постапка ќе донесе одлука дали целосно или делумно ќе го прифати барањето на семејствата, или евентуално ќе го одбие.

Тужбата е поднесена во граѓанска постапка за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпен страв. Со оваа тужба се бара и паричен ануитет, односно идна исплата на одредена сума пари од денот на пресудата до издржување на условите за истата – на име идна нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице.

Судот претходно во однос на таткото на момчето определи привремени мерки за забрана на располагање и отуѓување имот во кривичната постапка против него, а против мајката во граѓанската постапка.

Во граѓанската постапка против мајката на момчето, Вишиот суд во Белград донесе решение за привремена мерка во однос на имотот што е во нејзина сопственост, односно е блокиран за продажба и издавање.

На 10 октомври, Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен акт против таткото и мајката на момчето, како и против сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб каде, како што се сомнева, момчето убиец научило да пука, додека малолетникот не е кривично одговорен бидејќи во времето на масакрот не наполнил 14 години.

По поднесувањето на обвинението, Вишиот суд и одреди забрана на мајката да се приближува и да комуницира со момчето убиец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.