Во зградата на Вишиот суд во Белград денеска продолжува судскиот процес во граѓанската постапка на семејствата на убиените во основното училиште „Владислав Рибникар“ против родителите на момчето убиец, а голем број од нив веќе пристигнаа во зградата на Палатата на правдата, пренесе „Ало.рс“.

Судењето почнало во 9 часот, а пред тоа зградата на Палатата на правдата беше преплавена од адвокати, родители на убиените деца и оние кои денеска дојдоа да им дадат поддршка. Има претставници и од ОУ „Владислав Рибникар“.

Се очекува денеска да сведочат дури три семејства за тоа што му претходело на масовното убиство што се случи во утринските часови на 3 мај во строгиот центар на Белград.

За потсетување, тужбата во граѓанска постапка против К.К., кој го стори тоа кривично дело, и неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ, заеднички ја поднесоа 27 тужители. Тие бараат надомест на нематеријална штета за претрпената душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв.

Да потсетиме, на таткото и мајката на момчето-убиец им е привремено забрането да располагаат со недвижниот имот и парите кои ги поседуваат, а сето тоа по предлог на семејствата на загинатите во масовното пукање, чија цел е исклучиво обезбедување средства за плаќање обештетување на семејствата на повредените.

Претходниот судски процес се одржа на 20 октомври годинава во Палатата на правдата, а се слушна дека момчето К.К., без никакви процедури е префрлено од едно во друго одделение, додека од друга страна, таткото на девојче кое било убиено во пукањето во училиштето на почетокот побарало да му го префрлат детето, но никој од училиштето не зборувал за тоа.

Главната расправа е закажана за два дена, поточно на 28 и 29 декември. Во оваа тужба се опфатени момчето убиец, Миљана и Владимир Кечмановиќ. Семејството на една од убиените ученички покрена втора независна тужба против семејството Кечмановиќ, основното училиште „Владислав Рибникар“ и Република Србија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.