Најмалку седум лица се повредени во Истнанбул во пресметка на две групи мажи која избила за време на мавање со снежни топки, кое излегло од контрола.

Во главниот град на Турција падна големо количество снег поради што десетици луѓе излегоа да се забавуваат со гаѓање со снежни топки во паркот Топхане во европскиот дел недалеку од туристичките квартови.

Сепак, од непознати причини, одеднаш избила тепачка меѓу две групи, а еден од нив извадил пиштол и во пукањето ранил седум лица.

Според проценките на невладината организација Умут, во Турција има околу 25 милиони парчиња огнено оружје, меѓу населението од 84,7 милиони луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.