Пожарникарите трет ден продолжуваат да се борат со пожарите во Грција на три главни фронта, кои се уште горат во западна Атика, Лутраки и Родос.

Ноќта беше особено тешка во сите три области, а утрово воздушни средства повторно беа вклучени во борбата со огнената стихија, пренесува „Катимерини“.

Како што соопшти денеска претставникот на Противпожарната служба, Василис Ватракојани, на три главни фронта дејствуваат противпожарни сили, односно пет авиони и осум хеликоптери се распоредени во западна Атика, четири авиони и три хеликоптери во Лутраки и три авиони и три хеликоптери на Родос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.