Непроверена и веројатно невистинита е веста на БГНЕС дека бугарскиот премиер и претседател веќе договориле да одат во Париз за од Емануел Макрон да добијат гаранции за позициите на Софија, иако за тоа е разговарано, пишува бугарскиот портал 24 часа. Според порталот, ваквата можност ја отфрлиле шефицата на бугарското МНР, Теодора Генчовска и шефицата на кабинетот на Петков, Лена Бориславова објаснувајќи дека преговорите во бугарската влада за ова се во тек.

Се вели и дека сомнително е тоа што само БГНЕС ја објави веста.

Да се потсетиме, БГНЕС се повика на изјава на еден од учесниците на последниот совет на владината коалиција кој тврди дека Макрон ќе гарантира дека бугарските барања ќе влезат во преговарачката рамка за европскиот пат на Македонија, а наводно во замена за кревање на ветото во јуни.

Но, порталот 24часа има друга теорија. Според нив, дека во самата владина коалиција има голем отпор дури и кон ваквата идеја. Според извори од бугарската влада, пишува порталот, Петков постојано одложува да се сретне со Радев, иако цело време добива покани. А причината е што досега четирите партии во коалицијата се поделени на темата. Засега, Бугарската социјалистичка партија БСП и „Има таков народ“ на Слави Трифонов се против идејата да се крене ветото со гаранции од Брисел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.