Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс по посетата на Сараево ќе пристигне во Белград, а во главниот град на Србија ќе се сретне со локални претставници, објави телевизијата „Н1“ без да прецизира други детали.

Барнс дојде во Сараево, каде имаше средби со колеги од разузнавачката заедница, членови на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), како и со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина.

Претставник на американската влада потврди за Н1 Сараево дека разговарале за прашања од заеднички интерес, кои ги вклучуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина.

Исто така, тие разговараа за „загрижувачката сецесионистичка реторика и постапки на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик и Владата на РС“, изјави неименуван претставник на американската влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.