Невремето кои ги погоди Хрватска и Словенија стигна и во Србија. Оркански ветрови и црни облаци стигнаа во Белград. Силно невреме особено го зафати Баново Брдо. Според читателите на Б92.нет, во овој дел од главниот град нема струја.
Како што може да се види на видеото објавено на социјалната мрежа Инстаграм, белграѓани кои се нашле на улица кога почнал да дува бурен ветер, почнале да бегаат.
Силен ветер носел се пред себе, а почнало и да врне.
View this post on Instagram
Одделот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Србија издаде итно метео предупредување поради силно невреме.
„Највисоко, црвено ниво на предупредување е најпрво издадено за Срем, Мачва и долно Подриње, каде невремето се очекува до 19 часот, од каде брзо ќе се движи кон исток преку јужна Војводина, западна Србија, Шумадија и Белград. На ова подрачје очекувајте краткотрајни многу интензивни врнежи од дожд, силен град, силни грмежи, но и бурни и урагански налети на ветер што може да предизвика значителна материјална штета, загрозувајќи ја и безбедноста на луѓето и животните“, се наведува во соопштението. на Министерството за внатрешни работи на Србија.
Колку е страшно невремето надвор покажува и видеото кое на Твитер го објави поранешниот кошаркар на Црвена звезда, Душан Ристиќ, кој уште претходно остави апел до граѓаните да внимаваат во оваа ситуација.
„Само што ми падна кран пред очи“, напиша Ристиќ.
Samo se nadam da niko nije stradao 😥🙏🏼 https://t.co/vkMXd9aErU pic.twitter.com/7tTDsaTpaS
— Dušan Ristić (@ristic_dusan) July 19, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.