Европскиот сертификат останува регуларен документ, не се поставува прашање за негово укинување, прашањето е дали ќе го задржиме во целосната форма во врска со пристапот до одредени простори, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчкото радио „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Истакна дека целта на Владата е до почетокот на летото да има што е можно помалку ограничувања, но сепак сè ќе зависи од текот на пандемијата и одлуките на надлежната комисија на епидемиолози, а на есен укинатите мерки, одново би се разгледале.

Било кои укинување на некоја од мерките ќе биде под услов да се преиспита на есен, кога околностите ќе бидат поинакви. Го разјаснуваме ова. Било кои промени што би се направиле во делот на сертификатите, односно во можноста за пристап на невакцинираните во просторите каде што сега е забрането за влезат, одново ќе се разгледаат, бидејќи пандемијата не е завршена – објасни Плеврис.

Министерот за здравство на Грција истакна дека подваријантата на омикрон побрзо се шири, меѓутоа и покрај зголемувањето на новите случаи и зголемувањето на хоспитализираните лица, не постои притисок врз здравствениот систем.

Сметаме дека доколку продолжи ваквата состојба, односно да нема многу и сериозни заболувања од Ковид-19, како кон крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година, ќе продолжиме со деескалација на мерките – објасни Плеврис.

За невакцинираните здравствени работници кои се на принуден одмор до 31 март 2022 година согласно одлуката од пред неколку месеци, министерот за здравство рече дека ќе биде продолжена одлуката и по истекот на рокот и нема да можат да се вратат на работа доколку не се вакцинираат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.