Опозицијата во Србија подготува сценарио за уривање на власта  на улица чија реализација треба да започне вечерта на 3 април, веднаш штом ќе се затворат избирачките места, дознава „Република.рс“ од извори во дипломатските и разузнавачките структури.

Ако разликата не е преголема во корист на СНС на Вучиќ, тие се подготвени да прогласат победа веднаш штом се затворат гласачките места и потоа да ја обвинат власта дека ги краде изборите.

(фото: Ројтерс)

За сметка на таа лага би ги повикале граѓаните да излезат на улица и да ја бранат наводната изборна победа.

Ова е копија на сценариото на шарени револуции како оние во Македонија, Грузија, Украина, Киргистан, Узбекистан, Молдавија…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.