Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го обвини претседателот Зоран Милановиќ дека е или „корисна будала на Путин“ или „има некаква причина да ја поддржува Русија, која ја нападна Украина“, пренесе ХРТ.

Некој кој има проруски ставови една година, а ние се уште не сме сфатиле зошто, може или да биде корисна будала за Путин или да има некои причини зошто го прави тоа, рече Пленковиќ во Брисел, каде што учествува на самит на лидерите на ЕУ.

Пленковиќ рече дека парламентарните партии кои го следат Милановиќ се неписмени во однос на надворешната политика.

Низа парламентарни партии ја следат таа тапа политика, тие се апсолутно неписмени во однос на надворешната политика. Нема дилема, се срамиме, луѓето од околината читаат, следат и не прашуваат каков тим имаме“, изјави Пленковиќ.

Тој, уште еднаш го осуди противењето на Милановиќ, Хрватска да ги обучува украинските војници.

Ако тој заедно со неговите проруски, неписмени надворешнополитички следбеници е подготвен да блокира, тогаш нека блокира. Да видиме дали ќе остане во историјата, тогаш ќе знаеме кој е кој. Во мој интерес е еднаш засекогаш да се реши оваа дилема, рече Пленковиќ.

Тој додаде дека повеќе од 20 земји од ЕУ се подготвени да се приклучат на мисијата на ЕУ за обука на украинската армија. Тоа е политика на поддршка на жртвата, ако Хрватска се сомнева во тоа, тогаш се прашувам со кого си имаме работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.