Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во Опатија, изјави дека односите со Србија се оптоварени со бројни отворени прашања од минатото, но оти постои интерес за подобрување на економските односи.

На прашањето какви се според него сегашните односи со Србија, Пленковиќ одговори дека „тие се оптоварени со бројни отворени прашања што останале од времето на агресијата на Милошевиќ против Хрватска“, јави хрватската телевизија Н1

Имаме интерес и да ги подобриме економските односи, да имаме хрватски компании во Србија кои работат на тој пазар, како и нивни компании овде, изјави Пленковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.