Хрватска во октомври ќе организира состанок на врвот на Југоисточна Европа и на Украина во Дубровник со цел да и даде целосна поддршка на таа нападната земја.
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ во интервју за ТВ Блумберг нагласи дека главната намера на самитот е да се покаже солидарност и поддршка за Украина од група земји кои имаат историски врски со украинскиот народ.
– Сакаме да ги поддржиме во нивните напори за слобода и територијален интегритет, но сакаме и да видиме како можеме да обезбедиме добро функционирање на украинската економија во околности кои често се многу тешки, рече Пленковиќ.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.