Европското списание „Политико“ објави интервју со бугарскиот премиер Кирил Петков.
Во текстот, Петков одговара на прашањето на „Политико“ што се случува со фактото дека Бугарија историски имала едни од најблиските врски со Москва.
Тие денови завршија. Бугарија повеќе не е слаба земја, што дејствува само како балансер. Сакаме сите да ја гледаат Бугарија како силна членка на НАТО, членка на ЕУ, која не се стреми да ги минимизира ризиците, не е непредвидливо, имаме единствен став – вели Петков.
Бугарскиот премиер ја отфрла идејата за сфери на влијание во кои поголемите земји како Русија добиваат право да наметнуваат де факто тампон зони надвор од нивните граници.
Навистина не ми се допаѓа идејата некој да земе карта на Европа и да црта со пенкало, за да каже дека тоа може да се случи – вели Петков.
Бугарскиот премиер изјави дека симболично ќе го поддржи почетокот на преговорите за членство на Украина во ЕУ.
Срцето ми вели дека не можеме да ја напуштиме Украина – вели Петков.
Сепак, иако Бугарија досега целосно ги поддржуваше сите санкции против Русија, Петков вели дека мора да се земе предвид политичкото расположение во неговата земја.
Тој призна дека ќе и биде тешко на Софија да им се придружи на сојузниците кои испраќаат оружје во Украина.
Петков исто така не ја поддржува идејата за воспоставување зона на забранети летови над Украина. Покрај тоа, тој не може да преземе обврска да наметне санкции за руската нафта поради енергетската зависност на Бугарија од Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.