Премиерот на Бугарија Кирил Петков по враќањето од Романија телефонски разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц, јави дописникот на МИА од Софија.
Петков и Шолц разговарале за интеграцијата на Западен Балкан во Европска Унија и соработката со Македонија, за суспензијата на рускиот гас од страна на „Газпром“ за Бугарија и за посетата на Украина.
Бугарија е убедена дека иднината на регионот е во семејството на ЕУ, нагласи бугарскиот премиер.
Петков го информирал Шолц и за помошта што Бугарија може да и ја пружи на Украина за поправка на нејзината воена опрема. Бугарскиот премиер укажа и на можноста пристаништето Варна да стане логистички центар за извоз на украинска пченица и нафта, ја истакна важноста на превентивните мерки на европско ниво против ризиците од криза со храна по руската воена инвазија врз Украина.
Петков и Шолц разговарале и за енергетската безбедност во Европа, вклучително и мерките што земјите од ЕУ ги преземаат за обезбедување на снабдувањето со гас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.