Ќе има дипломатски одговор, во една или друга форма, на изјавата на руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, изјави премиерот Кирил Петков на брифинг во владината зграда во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков посочи дека одлуката за ова денеска е донесена на редовната седница на бугарската Влада, но не прецизираше за што точно ќе станува збор.

Според него, неприфатливо е, во никој случај, странски амбасадор да зборува во име на бугарскиот народ против бугарската Влада.

Како што неодамна потсети дописникот на МИА од Софија, амбасадорката Митрофанова во интревју за руската телевизија „Русија24“ кажа дека бугарскиот народ не ја поддржува реториката и постапките на бугарската Влада насочени против нејзината земја.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.