Продолжуваме со промените на Кирил Петков и Асен Василев го призна поразот на парламентарните избори во Бугарија.

„Ги загубивме изборите. ГЕРБ И ДПС имаат јасен мандат да коалицираат, изјави Василев по прелиминарните резултати.

Претседателот на партијата Кирил Петков изјави дека како конструктивна опозиција ќе бидат над секоја постапка на идната власт. Според поранешниот бугарски премиер, тоа што се случи денеска многу јасно покажува дека огромен број луѓе продолжуваат да веруваат дека Бугарија може да биде успешна и просперитетна, а да не биде изедена од корупција.

Сакаме да го почитуваме изборот на народот, а фактот што ГЕРБ е првата политичка сила носи огромна одговорност. На нашите гласачи им ветивме дека нема да се направи коалиција со ГЕРБ и ДПС, ќе го исполниме нашето ветување. Ние како политичари ќе бидеме луѓето кои ќе ги исполниме нашите ветувања, рече Петков.

Коалицијата ГЕРБ-СДС извојува победа на четвртите парламентарни избори во изминатите година и половина. Бојко Борисов, според паралелното пребројување на „Галуп интернешнл“, освои 63 пратеници во Народното собрание.

Математички, ГЕРБ, ДПС и Преродба ќе имаат доволно мандати да формираат влада, но политички такво нешто се смета за речиси невозможно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.