Денеска во Бугарија се одвиваат парламентарни избори, но надежите дека ќе се состави политичка влада се минимални.

Прв кој денеска се огласи дека го остварил своето избирачко право е поранешниот бугарски премиер, Кирил Петков, јавува Нова.бг.

Нема спасител и тоа зависи од секој од нас. Денеска гласав затоа што не сакам моите две ќерки да студираат во странство. Сакам мојата трета ќерка да се врати во Бугарија – изјави копретседателот на ПП-ДБ Кирил Петков по остварувањето на своето право на глас за 49. Народно собрание.

Сакам да патувам за Варна не за пет, туку за три часа. Гласав за нормална европска влада, здравство, патишта, образование, ги објасни своите причини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.