Римокатоличкиот водач папата Франциско најави дека можно е да го посети Косово.

„Работиме на Косово, но тоа не е дефинитивно“, им рече Папата на новинарите за време на неговата посета на Португалија.

На прашањето дали има намера да ја посети Шпанија, папата за дигиталното издание на дневниот весник „Вида Нуева“ рече дека нема да оди во ниту една голема земја во Европа додека не заврши со малите.

Според Вида Нуева, тој го повторил она што веќе го кажал во 2014 година, кога Албанија беше првата европска земја што ја посети.

Сега Косово би можело да биде додадено на листата на „мали“ земји за посета на папата, пишуваат медиумите и додаваат дека оваа можност се појавила по посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Ватикан на 22 јуни.

За време на таа аудиенција Курти го покани папата да го посети Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.