Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продаде својот автомобил Renault 4 од 1991 година за 60.000 евра, а парите ќе ги донира на две институции кои се грижат за деца заболени од рак.

Автомобилот го купил за 500 евра, а го продал за 120  пати поскапо. Повод за продажбата бил меѓународниот ден за деца заболени од малигни болести кој се одбележа на 15 февруари.

Тоа се многу пари за добра цел, рече Пахор и им се заблагодари на сите што учествуваа во проектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.