Санди Чешко пред само една година беше вброен меѓу 10 најбогати Словенци со имот од 200 милиони евра. Сега основачот на Дормео и останатите брендови на групата Студио Модерна на словенечките медиуми им призна дека има проблеми во компанијата и дека доцнат платите на вработените.

Чешко, еден од најбогатите Словенци и крал на ТВ продажбата, кој со своите брендови Дормео, Делимано и Космодиск продре во скоро секое домаќинство во овој дел на Европа, потврди на медиумите дека се наоѓа во работни потешкотии.

Основачот на Дормео и останатите брендови на групата Студио Модрена, не сакал пред камери. Но во краткиот телефонски разговор признал дека се наоѓа во сериозни работни потешкотии и дека доцнат платите на вработените. Но приказната за него не е завршена и тој до крај ќе се труди за опстанок на компанијата, наведува порталот 24.ур. потсетувајќи дека Чешко пред една година го вброи меѓу 10 најбогати Словенци со имот од 200 милиони евра. Ако се види во подалечното  минато, Чешко стоел многу подобро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.