Падна Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков, откако пред малку во бугарскиот парламент ѝ беше изгласана недоверба.
„За“ паѓање на владата на Петков гласаа 123 пратеника, а „против“ беа 116.
По изгласувањето недоверба, Петков се обрати пред пратениците.
За мене беше голема чест да ја водам Владата на Бугарија. Ова е мал чекор од долг пат. Ви ветуваме дека ќе продолжиме со битката и еден ден ќе имаме Бугарија без мафија – кажа Петков, додавајќи дека му претставува чест тоа што е срушен од четворката Борисов, Пеевски, Трифонов и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова.
Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков, а го достави ГЕРБ поради економските неуспеси на владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.