Бугарскиот премиер Кирил Петков информира дека неговата партија „Продолжуваме со промените“ (ПП) секој ден ќе свикува комисија на тема  Македонија со идеја да го слушне тамошното Министерство за надворешни работи.

Борисов денеска рече дека дава 59 пратеници и истовремено ја блокира комисијата на Народното собрание да донесе одлука. Ова е причината зошто не сакам да коалицирам со него. Тоа се гнасни чекори. Ветив на луѓе дека оваа одлука ќе биде однесена во Народното собрание – рече Петков.

ПП ќе предложи да има комисија секој ден, повтори Петков.

Петков остро зборуваше и за претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Консултативниот совет за национална безбедност е единствениот формат во кој се здружуваат власта, опозицијата и службите. Наместо да филозофира, треба да не свика сите. Ако не не свика, не треба да зборува за темата – рече Петков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.