Сега веќе поранешниот претседател на Црна Гора беше лудо вљубен 23 години помладата манекенка Јелена Шќепановиќ.
Нивната романса почна во 2011 година а се појавија информации дека Јелена наводно е бремена, па дури и чека близнаци. Поради аферата која крена голема прашина, Јелена наводно се преселила во Рим во поодмината бременост, а на убедување на Ѓукановиќ кој и отворил агенција во градот на вечноста за продажба на авионски билети.
Јелена Шќепановиќ во светот на високата мода влезе на шеснаесет години, со одличен пласман на натпреварот „Elite Model Look“. Живеела во Милано и Барселона, а работела за многу познати имиња од светската модна индустрија.
Таа се испроба и во главната улога на популарниот фестивал во Будва „Песна на Медитеранот“, а беше избрана и за амбасадор на туризмот на Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.