Поради невремето затворени се 29 национални патни правци ширум Романија. Силниот ветер и снегот го отежнуваат чистењето на патиштата.

Метеоролозите предупредија дека ќе продолжи да паѓа снег, ветерот на места ќе достигне брзина од 70 километри на час, а можна е и појава на голомразица.

Поради невремето во одредени делови на Романија затворени се и училиштата, а има и прекин во снабдувањето со електрична енергија во 28 населени места во окрузите Бакау и Харгита, каде околу 3.0000 луѓе се без електрична енергија.

Романската Служба за вонредни ситуации соопшти дека добила 751 повик за помош, при што биле спасени повеќе од 400 луѓе, кои биле заглавени во автомобилите на патиштата во Ботошани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.