На затворска казна од осум години е осуден 33-годишен маж во Грција за убиство на две бездомни мачки во атинска населба, а паралелно изречена му е и парична казна во висина од 20.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Во февруари минатата година, сега веќе осудениот беше уапсен по пријави од граѓани и видеа од безбедносни камери дека убива и измачува улични мачки, по што му беше одредена мерка притвор.

На судењето одржано вчера, според грчките медиуми, 33-годишниот бил осуден без никакви олеснувања, му се судело за убиства на две мачки, иако против него имало пријави за поглем број.

Ова е втор случај во Грција лице да биде осудено на затворска казна поради мачење или убиство на животно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.