Косовската претседателка Вјоса Османи се огласи по повод немирите во северно Косово. Таа на Твитер напиша дека оние кои ги извршуваат наредбите на Александар Вучиќ за дестабилизација на северот на Косово, мора да се соочат со правдата.

„Српските нелегални структури претворени во криминални банди ги нападнаа косовската полиција, офицерите на КФОР и новинарите. Овие неприфатливи акти на насилство мора да бидат осудени од сите. Оние кои ги извршуваат наредбите на Вучиќ за дестабилизација на северот на Косово мора да се соочат со правдата“, напиша Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.