Грчки рибар ја забележал најбрзата ајкула на светот на брегот на Закинтос.

„Првата ајкула што некогаш сум ја видел во нашите води“, изјави шокираниот грчки рибар Јанис Геладас откако ја видел огромната ајкула.

Геладас пловел во Јонското Море кога поминал покрај ајкулата за која подоцна се покажало дека е најбрзата ајкула на светот – мако со кратка перка. Овој вид е забележан во Медитеранот после десет години.

Како што пренесува Гардијан, рибарот за локалното радио ЕРТ Закинтос изјавил дека „воопшто не била агресивна“, туку пливала покрај чамецот „мирно како делфин“.

Макото со кратки перки може да порасне до четири метри во должина и да тежи околу 570 килограми – а брзината што ја достигнува достигнува и до 100 километри на час.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.