Од понеделник во сите основни и средни училишта во Србија ќе се применува стандардниот модел на настава, односно учениците ќе ја следат наставата со физичко присуство, одлучи Тимот за следење и координирање на примената на превентивните мерки во работата на училиштата.

Според податоците од надзорот преземен од електронскиот систем „Служба за јавно здравје“ кој до Министерството за образование, наука и технолошки развој го достави Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ во периодот од 9 до 17 февруари 2022 година бројот на болни деца на училишна возраст од 6 до 18 години имало 3.200 (0,42%) заболени, се наведува во соопштението на Министерството за образование, наука и технолошки развој

Учеството на деца на училишна возраст во вкупниот број потврдени случаи на Ковид-19 во истиот период изнесува 4,3 отсто, се наведува во соопштенеито.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.