Косовскиот премиер, Албин Курти, оцени дека заминувањето на младите од Косово е многу загрижувачки и оти тоа прашање властите се обидуваат да го решат со борба против корупцијата.

Курти вели дека трендот на одлив на млади продолжува од година во година, а како најчеста причина за тоа ја наведува невработеноста.

Недостигот на работни места, а особено вработувањето во одредени професии за млади, влијаеше тие да се иселат од Косово. Со борбата против криминалот и корупцијата со цел да се зголеми кредибилитетот во коректни и правични институции, ние се обидуваме да ги задржиме младите во Косово – вели Курти.

Само во јануари околу 48.000 косовски граѓани поднеле барање за работни визи во европските земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.