Како што претходно објавија подгоричките медиуми, од утре бензинот во Црна Гора поскапува за 16 центи, па литар БМБ 98 ќе чини 1,78 евра, додека БМБ 95 1,74 евра.

Еуродизелот поскапува за цели 28 центи и литар од овој вид гориво ќе чини 1,73 евра, додека нафтата за греење поскапува за 25 центи и ќе чини 1,67 евра.

Во Подгорица една такси компанија веќе ја покачила цената за 10 центи по километар, пишува подгорички „Вијести“.

Владата пред два дена презентирала сет мерки за поддршка на стопанството и граѓаните, меѓу кои и намалување на акцизата за горивото за 40 отсто наместо првичните 20 отсто.

За тоа да биде усвоено потребно е да се одржи седница на Собранието.

Дотогаш, како што наведува „Вијести“, цените на горивата ќе зависат од светскиот пазар, каде по големите осцилации минатата недела е забележан пад од околу пет отсто.

На бензинските пумпи во Црна Гора велат дека во изминатите денови точеле рекордни количини гориво и до педесетина тони дневно, а дека и денеска имало значителни гужви, додава „Вијести“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.