Од денеска во Софија е задолжително носење маски против ковид-19 во болници, социјални домови, аптеки и оптики. Мерките стануваат препорачани мерки за носење маски и во јавниот превоз, јавува дописникот на МИА од Софија.
Засега мерките се воведени само во Софија, се очекува во рок од неколку дена слични правила да објават и други регионални здравствени инспекции на Бугарија. Локалните електронски медиуми јавуваат дека се зголемува процентот на заразени со коронавирус во Бугарија. Регистрирани се речиси 2.300 нови случаи во последните 24 часа од над 9.200 тестови, при што близу 25% од нив имаат позитивни примероци. Починаа 7 лица. Над 63 отсто од новозаразените не се вакцинирани против Ковид-19, покажуваат официјалните податоци на здравствените власти во Бугарија.
Директорката на Националниот центар за инфективни и паразитски болести, Ива Христова, коментира дека сега е време да се воведат антиепидемиски мерки, бидејќи тоа ќе го забави растот на новозаболените и ширењето на Ковид-19. Таа рече дека уште еден скок на коронавирусот се очекува во рок од неколку недели околу крајот на август. Фактот дека во лето има бран по бран, според неа, докажа колку е стабилен вирусот и неговиот сој БА 5.
Познатиот математичар Николај Витанов, кој беше консултант на Националниот штаб против Ковид-19 во Бугарија. на почетокот на пандемијата, коментираше дека голем број новозаразени има во Софија, Варна и Бургас. Според него, причина за ова зголемување е увозот на овој вид на вирусот од Грција. Според неговите пресметки базирани Според официјалните податоци за новозаразените, 5 отсто од бугарските граѓани кои заминале на одмор во Грција се враќаат заразени.
Во Варна и Бургас има голем собир на луѓе и затоа, според Витанов, случаите се зголемуваат. Во моментов 100 лица заразуваат 126, што според него значело дека епидемијата расте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.