Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во обраќање кон нацијата од Палатата „Србија“ кажа дека на маса има предлог од Франција и Германија за Косово кој предвидува Приштина да стане членка на Обединетите Нации (ОН), без формално признавање од Белград.

Не можам да зборувам за деталите на тој документ, но суштината е дека Србија му дозволува на Косово да влезе во сите меѓународни институции, вклучително и ОН, а Србија за тоа, не е прецизирано, ќе добие брз влез во ЕУ и веројатно значителни економски придобивки“, рече Вучиќ.

Меѓутоа, како што рече, Србија е спремна да разговара, но членството на Косово во ОН е неприфатливо за Белград. Според неговата изјава, тоа ќе сноси „свои последици“ бидејќи целата идеја се заснова на Србија, без формално признавање, покаже дека е согласна со членството на Косово во ОН.

За прашањето со Косово, тој рече и дека меѓународното право одамна е погазено и дека постои само „правото на посилниот“, но според него на Србија и преостанува и понатаму да се повикува на меѓународното право.

Во овој момент имаме осум ноти за повлекување на признавањето на Косово, ќе продолжиме да работи на тоа, рече српскиот претседател посочувајќи дека тоа е тежок процес бидејќи големите сили дополнително ќе напаѓаат поради секоја таква одлука.

Тој истакна дека на 2 и 3 ноември се очекува министрите во Советот на Европа да донесат одлука за почеток на процесот за прием на Косово во Советот.

Политиката на нашата земја е дека може да ни земат се, да ни направат се, но ние ќе се бориме со сета своја сили, политички и правно, со цел да ја зачуваме земјата, своите граници и територијалниот интегритет. Шансите ни се мали, рече Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.