Во институтот на судска медицина во Србија, заврши обдукцијата на бебето чие тело на крајот на јануари годинава беше пронајдено во замрзнувач на куќа во Земун. Обдукцијата покажала дека женското дете е родено мртво, како што тврдела мајката на детето во текот на истрагата.
“Бебето беше женско, утврдено е дека е родено мртво. Се очекува решение за притвор на мајката, како и прекинување на истрагата за овој случај. Решение се уште не е донесено”, соопштија од полицијата.
Лидија М.(47), мајката на бебето кое беше пронајдено во куќата во која живеат нејзиниот сопруг Зоран М.(62) и нивните четири деца, на распитот призна дека новороденчето е нејзино и рече дека го родила мртво.
„Таа го сокри телото, не знаеше што да прави“
„Лидија призна дека бебето е нејзино, но рече дека го родила мртво. Рекла и дека го сокрила телото бидејќи никој од нејзиното семејство не знаел дека е бремена. Не знаела што да прави, па затоа мртвото бебе го ставила во замрзнувач. Набргу по тоа породување Лидија си замина и го остави семејството“, вели соговорник близок до истрагата.
Да потсетиме, телото на бебето во замрзнувач го пронашол нејзиниот сопруг Зоран кога, како што рекол, сакал да го исчисти. Зоран рекол дека тој и неговата сопруга имале несогласувања и дека таа се гледала со други мажи.
Сопругата што замина и јас имавме несогласувања, имаме четири деца… Сопругата не живее тука од мај, а јас живеам од кога е изградена куќата, 60 и нешто години“, им рекол Зоран на истражителите.
“Видов торба со крпа во неа. Прво помислив дека е леб. Кога ја отворив чантата, видов бебе. Почнав да одам во шок. Веднаш го повикав син ми и полиција. Не Знам дека имаше такво нешто во замрзнувачот, јас се уште сум потресен. Не знам што да мислам за сето ова“, заклучил тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.